1

Отворена јавна расправа за текстот на Нацрт – политиката за обезбедување пристапност до аудиовизуелните медиумски услуги за лицата со сетилна попреченост

Скопје, 5 октомври 2020г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги од денес отвора јавна расправа за текстот за Нацрт – политиката за обезбедување пристапност до аудиовизуелните медиумски услуги за лицата со сетилна попреченост.

Во овој документ се исцртуваат и посочуваат главните правци на делување на регулаторното тело, додека конкретните активности ќе зависат од актуелните потреби на целната група т.е. визуелно и слуховно попречените лица, но и другите лица со инвалидност, како и од можностите на радиодифузерите и давателите на аудиовизуелните услуги по барање, и ќе се планираат на годишно ниво.

Агенцијата ги повикува сите заинтересирани и засегнати страни со свои мислења и предлози да учествуваат во јавната расправа и истите во писмена форма да ги достават по електронски пат на contact@avmu.mk.

Јавната расправа е отворена до 31 октомври 2020 година.

Добиени мислења и забелешки од заинтересирани страни

 Коментари и мислења во врска со политиката за обезбедување пристапност до аудиовизуелните медиумски услуги за лицата со сетилна попреченост – Кристијан Лазарев – Здружение за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“