Скопје, 16 октомври 2020 година – Советот на Агенцијата на 37-та седница одржана на 14.10.2020 година, врз основа на констатации од извршени надзори каде е утврдено непочитување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги и Законот за медиуми, донесе Решенија за изрекување на мерки јавна опомена.
Врз основа на констатации од редовен административен надзор, за неисполнување на обврската за објавување на податоци кои треба се емитуваат на соодветно место за секоја содржина од програмскиот сервис, Советот на Агенцијата изрече мерки јавни опомени на Скај радио од Скопје и радио Урбан ФМ од Скопје.
За неемитување на доброволно пријавениот процент музика на македонски јазик мерки јавна опомена се изречени на Скај радио од Скопје и Радио Зона М-1 од Скопје. На Скај радио мерка јавна опомена е изречена и за необезбедување информации што треба да им се направат достапни на корисниците.
Изречените мерки може да се преземат на линковите:
Зона М-1 – (член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ) – 15.10.2020
Скај радио – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 15.10.2020
Скај радио – (член 14 од Законот за медиуми) – 15.10.2020
Скај радио – (член 80 ставови 7, 8 и 9 од ЗААВМУ) – 15.10.2020
Урбан ФМ – (член 14 од Законот за медиуми) – 15.10.2020