1

Две мерки јавна опомена за операторот Тотал ТВ

Скопје, 26.10.2020 – Врз основа на констатации од редовен програмски надзор, каде се констатирани прекршувања на член 141 став 13 од ЗААВМУ, реемитување на програмски сервис кој не е опфатен со потврда за регистрација на програмски сервиси издадена од АВМУ и член 143 став 5 од ЗААВМУ, во својот програмски пакет ги нема обезбедено програмските сервиси на јавниот радиодифузен сервис „МРТ 2“, „МРТ 3“, „МРТ 4“ и „МРТ 5“, Советот на Агенцијата на 38-та седница одржана на 21 октомври изрече две мерки јавни опомена за операторот Друштво за трговија и услуги ТОТАЛ ТВ ДОО Скопје.


Мерките јавна опомена се достапни на линковите:

ТОТАЛ ТВ – (член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 26.10.2020

ТОТАЛ ТВ – (член 143 став 5 од ЗААВМУ) – 26.10.2020