Редовен административен надзор врз сите 115 радиодифузери коишто емитуваат ТВ или радио програма

image_pdfimage_print

Скопје, 17 ноември 2020 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз сите 115 радиодифузери коишто емитуваат телевизиска или радио програма.

Предмет на надзор беше обврската на радиодифузерите по трет пат оваа година (најдоцна до 31 октомври) на сопствената програма во ударните термини да ги објават податоците за сопственичка структура, уредништво и извори на финансирање во претходната година, и снимка од објавата да достават до Агенцијата во рок од 15 дена од денот на објавувањето.

Надзорот покажа дека оваa законска обврска ја исполниле сите 115 радиодифузери.

Извештајот е достапен на следниот линк:
Општ извештај (член 15 став 3 од Законот за медиуми) – 17.11.2020


Accessibility

Accessibility