Редовен административен надзор врз ТВ Канал Феста, ТВ Спектра, ТВ Плус и ТВ Ускана Медиа

image_pdfimage_print

Скопје, 25 ноември 2020 – Редовен административен надзор за обврските за објава на импресум, информации коишто треба да се направат достапни на корисниците, објава на идентификација на радиодифузерот, почитувањето на правилата при емитување аудиовизуелни комерцијални комуникации, заштита на малолетната публика, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласање, емитување игри на среќа и обезбедување квизови или други облици на наградно учество е извршен врз локалните ТВ Канал Феста, ТВ Спектра, ТВ Плус и ТВ Ускана Медиа.

Надзорот покажа дека на програмата на ТВ Спектра на 2 ноември, филмот „Непобедлив“ („Unrivaled“) беше погрешно означен како програма од Втора категорија и емитуван во несоодветен временски период од деноноќието.

На програмата на ТВ Плус емитувана на 2 ноември, беа констатирани четири прекршувања кои се однесуваат на необезбедени информации што треба да им се направат достапни на корисниците, емитување на епизода од играниот серијал „Сибир“ во несоодветен временски период од деноноќието и со погрешно означена категоризација, емитување забавна емисија без ознаки за „пласирање производи“ и емитување реклами подолго од 12 минути на реален час неколку пати во денот.

Извештаите од надзорот се достапни на линковите:

ТВ Канал Феста (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 25.11.2020

ТВ Канал Феста (член 14 од Закон за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) 25.11.2020

ТВ Ускана Медиа (член 14 од Закон за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) 25.11.2020

ТВ Ускана Медиа (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 25.11.2020

ТВ Спектра (прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 25.11.2020

ТВ Спектра (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 25.11.2020

ТВ Плус (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 25.11.2020

ТВ Плус (прекршување на член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 25.11.2020

ТВ Плус (прекршување на член 55 ставови 5, 6 и 7 од ЗААВМУ) – 25.11.2020

ТВ Плус (прекршување на член 100 став 1 од ЗААВМУ) – 25.11.2020



Accessibility

Accessibility