Скопје, 25 ноември 2020 – Врз локалните ТВ Канал Феста, ТВ Спектра, ТВ Плус, ТВ Здравкин и ТВ Ускана Медиа извршен е редовен програмски надзор за обврските за употреба на јазикот во програмите на радиодифузерите, емитување дневно најмалку 6 часа програма на ТВ и емитување најмалку 30% програма изворно создадена.
При надзорот на 3 ноември констатирано е дека спротивно на законот, на ТВ Спектра е емитувана 4.60%, додека на ТВ Ускана Медиа 8.30% изворно создадена програма. Кај ТВ Плус е утврдено дека еден прилог е емитуван на анлиски и германски јазик (со титлување на руски јазик), а инсертите од „Тинејџерските филмови кои не смеете да ги пропуштите“ се емитувани изворно на англиски јазик, без да биде обезбеден превод на македонски јазик или на српски јазик, на коишто медиумот емитува програма согласно дозволата.
Извештаите од надзорот се достапни на линковите:
ТВ Канал Феста (член 64, член 90 и член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 25.11.2020
ТВ Здравкин (член 64, член 90 и член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 25.11.2020
ТВ Плус (прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 25.11.2020
ТВ Спектра (прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 25.11.2020
ТВ Ускана Медиа (прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 25.11.2020