1

Вонреден административен надзор врз радио Балкан ФМ, радио ЛА Коста и ТВ Г-ТВ Телевизија

Скопје, 01.12.2020г. – За почитувањето на обврските од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување, вонреден административен надзор е извршен врз радио Балкан ФМ од Гостивар, радио ЛА Коста од Виница и ТВ Г-ТВ Телевизија од Гостивар.

Надзорот покажа дека радиодифузерите ги исполнилe минималните кадровски услови утврдени во Правилникот.

Извештаите од надзорите се достапени на следните линкови:

Балкан ФМ – (Член 9 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување) – 01.12.2020

ЛА Коста – (Член 9 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување) – 01.12.2020

ТВ Г-ТВ Телевизија – (Член 22 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување) – 01.12.2020