Објавен извештај од мониторингот на изборното медиумско претставување за Предвремените избори за градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип 2020

image_pdfimage_print

Скопје, 21.12.2020 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изготви Извештај од мониторингот на изборното медиумско претставување за Предвремените избори за градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип 2020.

Вкупната програма со акцент на централното издание на вестите, беше анализирана кај оние медиуми коишто емитуваат програма на подрачјата на двете општини, односно на регионалните телевизии од Штип ТВ М Нет–ХД, Ирис и Стар, на локалните ТВ Ускана Медиа и Гурра од Кичево, како и на Првиот програмски сервис на Македонската Телевизија – МРТ1, преку кој, Јавниот сервис одлучи дека ќе ги покрива овие избори. На Јавниот сервис беше мониториран и Собранискиот канал од аспект на почитување на обврската за емитување бесплатно политичко претставување.

Карактеристично за известувањето на сите медиуми е тоа што немаше информации за текот на изборите за градоначалник на Пласница, но ова се должеше на одлуката на кандидатите, а не на медиумите.

Согласно член 75-а став 1 алинеја в од Изборниот законик, балансот во известувањето во вестите за изборите на градоначалник на Штип, радиодифузерите требаше да го постигнат следејќи го принципот на еднаква распределба на времето, имајќи го предвид и интензитетот на кампањата на секој од кандидатите. Споредбата на распределбата на времето за известување кај сите телевизии кај кои беа анализирани вестите покажа дека најмногу време имаа издвоено за кандидатот за градоначалник на Штип од СДСМ, помалку застапен кандидатот од ТМРО, а најмалку за преостанатите тројца кандидати. Анализираните телевизии, во основа постигнаа баланс во известувањето со исклучок на ТВ Ирис каде доминантно најзастапен, со повеќе од половина од вкупното време за известување за изборите, беше кандидатот на СДСМ.

Во однос на посебните информативни емисии, на националните медиуми нив ги имаше во мал обем. На МРТ1 и на Собранискиот канал, во согласност со нивните обврски од Изборниот законик, беше емитувано и бесплатно политичко претставување.

Извештајот може да се преземе на следниот линк.

 



Accessibility

Accessibility