Вонреден програмски надзор врз 15 оператори

image_pdfimage_print

Скопје, 4 јануари 2021г. – Агенцијата изврши вонреден програмски надзор врз 15 оператори на јавни електронски комуникациски мрежи, со цел да утврди дали ги реемитуваат програмските сервиси коишто беа регистрирани во Агенцијата врз основа на Генералниот лиценциран договор (2017-2019) склучен помеѓу имателите на права, ЗАМП и операторите, а чија важност беше заклучно со 31.12.2020 година.

Надзорот покажа дека операторите престанале со реемитување на програмските сервиси кои беа регистрирани во Агенцијата врз основа на Генералниот лиценциран договор, а чија важност беше заклучно со 31.12.2020 година.

Извештајот од надзорот е достапен на линкот

 



Accessibility

Accessibility