Вонреден програмски надзор врз операторот Инел Интернационал

image_pdfimage_print

Скопје, 5 јануари 2021г. –  Со цел да утврди дали ги реемитува програмските сервиси коишто беа регистрирани во Агенцијата врз основа на Генералниот лиценциран договор (2017-2019) склучен помеѓу имателите на права, ЗАМП и операторите, а чија важност беше заклучно со 31.12.2020 година, Агенцијата изврши вонреден програмски надзор врз операторот Инел Интернационал од Кавадарци.

 

Со надзорот беше констатирано дека операторот Инел Интернационал за своите корисници ги реемитуваа програмските сервиси „HRT 1”, „HRT 3”, „HRT 4”, „Slovenija 1”, „Super RTL”, „ERT World” и „RTCG” кои не се опфатени со потврдата за регистрација на програмски сервиси издадена од Агенцијата.

Извештајот е достапен на линкот:

Инел Интернационал (член 141 од ЗААВМУ) – 05.01.2021

Accessibility