Вонреден програмски надзор врз операторите Мултимедија Нетворк Л и Теленет Ком

image_pdfimage_print

Скопје, 8 јануари 2021г. – Врз операторите Мултимедија Нетворк Л од Гостивар и Теленет Ком од Тетово, извршен е вонреден програмски надзор за да се утврди дали ги реемитуваат програмските сервиси коишто беа регистрирани во Агенцијата врз основа на Генералниот лиценциран договор (2017-2019) склучен помеѓу имателите на права, ЗАМП и операторите, а чија важност беше заклучно со 31.12.2020 година.

Надзорот покажа дека операторите престанале со реемитување на програмските сервиси кои беа регистрирани во Агенцијата врз основа на Генералниот лиценциран договор, а чија важност беше заклучно со 31.12.2020 година.

Извештајот е достапен на линкот:

Извештај за операторите Мултимедија Нетворк Л и Теленет Ком (член 141 од ЗААВМУ) – 08.01.2021



Accessibility

Accessibility