Редовен програмски и административен надзор врз МРА 1, МРА 2 и МРА 3

image_pdfimage_print

Скопје, 26 јануари 2021 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги спроведе редовен програмски и административен надзор врз трите радио канали на Јавниот сервис – МРА 1, МРА 2 и МРА 3.

Предмет на надзор беа обврските за обврските за објава на импресум, информации коишто треба да се направат достапни на корисниците, објава на идентификација на радиодифузерот, почитувањето на правилата при емитување аудиовизуелни комерцијални комуникации, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласање, емитување игри на среќа и обезбедување квизови или други облици на наградно учество.

При надзорот не се констаирани прекршувања.

Извештаите се достапни на линковите:

МРА 1 (член 14 од Закон за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 26.01.2021

МРА 1 (член 53, 54, 98, 99, 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 26.01.2021

МРА 2 (член 14 од Закон за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 26.01.2021

МРА 2 (член 53, 54, 98, 99, 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 26.01.2021

МРА 3 (член 14 од Закон за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 26.01.2021

МРА 3 (член 53, 54, 98, 99, 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 26.01.2021



Accessibility

Accessibility