Контролен програмски надзор врз Телевизија Плус и ТВ Ирис

image_pdfimage_print

Скопје, 12 февруари 2021 – Врз Телевизија Плус од Куманово, извршен е контролен програмски надзор за да се утврди дали радиодифузeрот постапил по изречената мерка јавна опомена, упатена заради непочитување на правилата за пласирање производи. Надзорот покажа дека во целост е постапено по Решението за мерка јавна опомена.

Контролниот надзор врз ТВ Ирис од Штип, кој ги опфати правилата за заштита на малолетната публика, покажа дека и покрај решението за преземање мерка јавна опомена, радиодифузерот продолжил со непочитување на овие законски правила.

Извештаите се достапни на линковите:

Телевизија Плус (член 55 од ЗААВМУ) – 12.02.2021

Телевизија Ирис (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 12.02.2021

Accessibility