Светскиот ден на радиото посветен на едновековното постоење на овој медиум

image_pdfimage_print

Скопје, 12 февруари 2021 – Под покровителство на УНЕСКО утре, 13 февруари, се прославува 10-то издание на Светскиот ден на радиото, кое под мотото „Нов свет, ново радио“ го одбележува едновековното постоење на радиото.

Годинешните поттеми на прославата се клучните карактеристики на радиото еволуција, поврзаност и иновативност. Во изминатите 100 години радиото успеа да се адаптира на ритамот на општествените и технолошките трансформации, но и на потребите на слушателите. Токму поради ваквите негови особини да се развива, да поврзува за време на природни катастрофи, социо-економски кризи, пандемии и слично, како и да биде насекаде достапно, се уште е еден од најкористените медиуми ширум светот.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на сите радио станици во земјава им го честита Светскиот ден на радиото и ги повикува да се приклучат кон прославата на соодветен начин, преку дебати и дискусии.



Accessibility

Accessibility