Нападите врз новинарите се апсолутно неприфатливи

image_pdfimage_print

Скопје, 27 февруари 2021 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги најостро го осудува нападот и попречувањето на работата на новинарите за време на вчерашните протести против пресудата за случајот „Монструм“.

Секој вид на напад на медиумските работници, без разлика дали е вербален или физички, како и секое попречување на нивната работа, претставува загрозување на слободата и правото на информирање и се апсолутно неприфатливи.

Агенцијата апелира на медиумските работници да им се овозможи слободен, непречен и безбеден пристап до сите настани, особено до оние од јавен интерес.

Accessibility