СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

image_pdfimage_print

Скопје, 05 април 2021 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува вчерашниот инцидент во кој полициски службеник од СВР Велес ја оневозможил новинарката на порталот Дума.мк, Стефани Манева, да си ја изврши својата работна обврска.

На медиумите треба да им се обезбедат услови за професионално работење, а новинарите во ниту еден момент не смеат да бидат попречени во вршењето на своите работни задачи затоа што секое  попречување на нивната работа претставува згрозување на слободата на информирање и е апсолутно неприфатливо.

Имајќи предвид дека само слободните медиуми водат кон унапредување на демократските процеси, Агенцијата, како и досега апелира да се остават новинарите непречено и достоинствено да ја вршат нивната општествено одговорна професија.

Accessibility