ОНЛАЈН КАМПАЊА НА МРЕЖАТА ЗА МЕДИУМСКА ПИСМЕНОСТ

image_pdfimage_print

Скопје, 26.04.2021 – За што ви е потребна медиумската писменост?; Како медиумската писменост се однесува на образованието, медиумите, филмот, библиотеките; Што значи да си новинар?; Одговорност во онлајн просторот; Говор на омраза; Гласини; Интеркултурни комуникации – Мрежата за медиумска писменост ќе се потруди да одговори на сето ова и на уште многу други теми и прашања преку својата најнова онлајн кампања која стартува денес.

Во следните десет седмици, секој работен ден, ќе се споделува по еден постер со информации со цел да се подигне свеста за потребата од критичко користење на медиумите и медиумските содржини. Со кампањата се отвораат два нови канали за комуникација на Мрежата со граѓаните преку Твитер @MediumPismenost и на Инстаграм @mrezazamediumskapismenost, односно постерите ќе бидат објавувани преку нив, како и преку Фејсбук пејџот на Мрежата @MrezaZaMediumskaPismenost.

Кампањата се реализира по повод четвртата годишнина од формирањето на Мрежата, која формално беше основана на 27 април 2017 година, на иницијатива од Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, од 35 членки (институции, граѓански организации, образовни институции и медиуми), а сега има 63 членови.

Следете нe и на www.mediumskapismenost.mk!

Accessibility