Контролен програмски надзор врз програмските сервиси МРТ 2, МРТ 3, МРТ 4 и МРТ 5

image_pdfimage_print

Скопје, 29.04.2021 – По истекот на рокот за законско усогласување со изречените мерки јавна опомена, извршен е контролен програмски надзор врз програмските сервиси на Јавниот сервис – МРТ 2, МРТ 3, МРТ 4 и МРТ 5.

Врз програмските сервиси МРТ 2 и МРТ 5 извршен е контролен надзор за почитувањето на правилата за заштита на малолетната публика, а врз програмските сервиси МРТ 2, МРТ 3, МРТ 4 и МРТ 5 за обврската за објава на информации коишто треба да се направат достапни за корисниците.

Надзорот покажа дека сите програмски сервиси постапиле по изречените мерки јавна опомена.

Извештаите од извршените надзори се достапни на линковите:

МРТ 2 (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 29.04.2021

МРТ 5 (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 29.04.2021

МРТ 2 (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 29.04.2021

МРТ 3 (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 29.04.2021

МРТ 4 (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 29.04.2021

МРТ 5 (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 29.04.2021

Accessibility