Скопје, 09.06.2021г. – Врз операторот Вива Нет од Берово, Агенцијата изврши контролен програмски надзор за да утврди дали операторот постапил по мерката јавна опомена упатена заради реемитување на програмски сервиси кои не се регистрирани во Агенцијата, согласно член 141 од ЗААВМУ.
Со надзорот е констатирано дека овој оператор на територијата на општина Берово и општина Пехчево во својот програмски пакет го реемитува програмскиот сервис Reality Kings, којшто не е регистриран во Агенцијата.
Извештајот е достапeн на линкот:
Вива Нет – (член 141 од ЗААВМУ) – 09.06.2021