Анализа на медиумската сопственост во 2020 година

image_pdfimage_print

Скопје, 5 јули 2021 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги ја изработи Анализата на медиумската сопственост во 2020 година, со цел да обезбеди поголема транспарентност на сопственоста на медиумите, притоа користејќи официјални податоци за сопственичката структура на радиодифузерите од Централниот регистар на РС Македонија, а за издавачите на печатени медиуми и податоци од објавите во дневен весник коишто тие ги извршиле во рамки на исполнувањето на законската обврска да обезбедат јавност во работењето.

Овој е трет извештај за сопственичката структура на медиумите и тој, освен податоци за актуелните сопственици на телевизиите, радиостаниците и издавачите на печатени медиуми, содржи и податоци за интеграцијата на капиталот кај радиодифузерите и за промените во сопственичката структура на радиодифузерите коишто Агенцијата ги одобри во текот на 2020 година.



Accessibility

Accessibility