Редовен административен надзор врз сите 111 радиодифузери коишто емитуваат ТВ или радио програма

image_pdfimage_print

Скопје, 16 јули 2021г. – Агенцијата изврши редовен административен надзор врз сите 111 радиодифузери коишто емитуваат ТВ или радио програма, за обврската податоците за сопственичка структура, одговорниот уредник/уредници и за изворите на финансирање во претходната година да ги објават на сопствената програма, најмалку три пати годишно, во ударни термини и снимка од објавата да достават до Агенцијата во рок од 15 дена од денот на објавувањето.

Надзорот покажа дека обврската од член 15 став 3 од Законот за медиуми во целост ја исполниле сите 111 радиодифузери.

Извештајот е достапен на следниот линк:

Општ извештај – (член 15 став 3 од Законот за медиуми) – 16.07.2021



Accessibility

Accessibility