Известување за јавното отворање на пријавa за учество на јавниот конкурс

image_pdfimage_print

Скопје – 23 јули 2021г. – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на 11-та седница одржана на 21.04.2021 година, донесе Oдлука за објавување на јавен конкурс за доделување на дозвола за радио емитување на програмски сервис на локално ниво, на подрачјето на општина Ново Село УП1 бр.08-233 од 22.04.2021 година (објавена на 23.04.2021 година во „Службен весник на Република Северна Македонија“, бр.90/21).

Крајниот рок за поднесување на пријави за учество на јавниот конкурс беше до 22.07.2021 година. Пријавите поднесени на овој конкурс, треба да бидат јавно отворени, една недела по истекот на рокот за поднесување на истите.

Јавното отворање на доставенaта пријава за учество на наведениот јавен конкурс согласно точка 13 од напред наведената одлука, ќе се одржи на ден 29.07.2021 година, четврток во 13:00 часот, во седиштето на Агенцијата, Палата „Панко Брашнаров“,  ул.„Македонија“ бр.38, Скопје, при што од страна на Агенцијата во целост ќе бидат преземени сите безбедносни мерки, согласно препораките на Владата на РСМ и Протоколите на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги заради спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 достапни на линкот.



Accessibility

Accessibility