Скопје, 23 јули 2021г – За обврските коишто се однесуваат на регистрација на програмски сервиси во Агенцијата и титлување на програмите коишто ги реемитуваат операторите, извршен е редовен програмски надзор врз операторите Каблекалл од Кичево, Мултимедија Нетворк Л од Гостивар и Роби од Штип.
При спроведените надзори не се констатирани прекршувања.
Извештаите од извршените надзори се достапни на линковите:
Каблекалл – (член 64 став 2 и член 141став 13 од ЗААВМУ) – 23.07.2021
Мултимедија Нетворк Л – (член 64 став 2 и член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 23.07.2021
Роби – (член 64 став 2 и член 141 став 13 од ЗААВМУ) – 23.07.2021