Редовен административен надзор врз ТВ М Нет-ХД, ТВ Сити, ТВ Коха, ТВ Едо, ТВ КТВ и ТВ Кобра

image_pdfimage_print

Скопје, 26 јули 2021 година – Редовен административен надзор за почитувањето на законски одредби – објава на импресум, информации коишто треба да се направат достапни до корисниците и објава на знакот за идентификација на радиодифузерот извршен е врз ТВ М Нет – ХД од Штип, ТВ Сити од Скопје, ТВ Коха од Тетово, ТВ Едо од Скопје, ТВ КТВ од Кавадарци и ТВ Кобра од Радовиш.

Надзорот покажа дека ТВ Сити и ТВ Едо на 6 јули 2021 година во одредени емисии не ги објавија податоците за импресум, кои се должни да ги емитуваат на соодветно место за секоја содржина од програмскиот сервис.

Извештаите се достапни на линковите:

ТВ Сити – (член 14 од Законот за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 26.07.2021

ТВ Едо – (член 14 од Законот за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 26.07.2021

ТВ Кобра – (член 14 од Законот за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 26.07.2021

ТВ Коха – (член 14 од Законот за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 26.07.2021

ТВ КТВ – (член 14 од Законот за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 26.07.2021

ТВ М Нет-ХД – (член 14 од Законот за медиуми, член 51 став 1 и член 97 од ЗААВМУ) – 26.07.2021



Accessibility

Accessibility