Редовен програмски надзор врз ТВ Едо, ТВ Кoбра, ТВ Коха, ТВ КТВ и ТВ М Нет-ХД

image_pdfimage_print

Скопје, 26 јули 2021 – За обврските за употреба на јазикот во програмата, емитување дневно 8 часа програма на телевизијата и дневно емитување најмалку 30% изворно создадена програма како македонски аудио и аудиовизуелни дела, од која најмалку половина во периодот од 07:00 до 19:00 часот, редовен програмски надзор е извршен врз ТВ Едо од Скопје, ТВ Кобра од Радовиш, ТВ Коха од Тетово, ТВ КТВ од Кавадарци и ТВ М Нет-ХД од Штип.


Со надзорот е констатирано дека ТВ Едо на 7 јули, не емитуваше најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, ниту пак најмалку половина од законскиот минимум го емитуваше во периодот од 07:00 до 19:00 часот. Најмалку половина од создадената програма како македонски аудиовизуелни дела на 7 јули во периодот од 07:00 до 19:00 часот, не емитуваше и ТВ Коха.

 Извештаите од надзорите се достапни на линковите:

ТВ Едо – (член 64, член 90 и член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 26.07.2021

ТВ Кобра – (член 64, член 90 и член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 26.07.2021

ТВ Коха – (член 64, член 90 и член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 26.07.2021

ТВ КТВ –  (член 64, член 90 и член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 26.07.2021

ТВ М Нет – ХД – (член 64, член 90 и член 92 став 1 и 3 од ЗААВМУ) – 26.07.2021



Accessibility

Accessibility