Редовен програмски надзор врз 6 регионални телевизии

image_pdfimage_print

Скопје, 26 јули 2021 година – Редовен програмски надзор за почитувањето на правилата при емитување аудиовизуелни комерцијални комуникации, заштита на малолетната публика, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласање, емитување игри на среќа и обезбедување квизови или други облици на наградно учество е извршен врз ТВ Сити од Скопје, ТВ Едо од Скопје, ТВ Кобра од Радовиш, ТВ Коха од Тетово, ТВ КТВ од Кавадарци и ТВ М Нет – ХД од Штип.

При надзорот на програмата на 6 јули, кај ТВ Сити беше констатирано дека премиерите и репризите на играниот, анимиран филм „Бајка-Принцот кој бараше бесмртност“, не беа означени со предупредувачка сигнализација за програмата што се прикажува, додека прекршувања на правилата за пласирање на производи и правилата за користење нови рекламни техники, се констатирани во емитуваната забавно-документирана емисија “In magazine” на програмата на ТВ Едо. Кај ТВ КТВ на 8 јули во забавно-документираните емисии „ВИП на еден ден“, „Од кое село е баба ти“ и „Мастраф муабет“, беше утврдено емитување поп-ап/ реклами на поделен екран меѓу кои не минува пропишаниот период од најмалку 15 минути.

Извештаите од извршените надзори се достапни на линковите:

 ТВ Сити – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 26.07.2021

ТВ Едо – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 26.07.2021

ТВ Едо – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 26.07.2021

ТВ Кобра – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 26.07.2021

ТВ Коха – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 26.07.2021

ТВ КТВ  – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 26.07.2021

ТВ М Нет – ХД – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 26.07.2021



Accessibility

Accessibility