Изречени мерка јавна опомена за ТВ КТВ, Сити Телевизија, ТВ Едо и ТВ Коха

image_pdfimage_print

Скопје, 25 август 2021 година – Советот на Агенцијата на 23-та седница одржана на 24 август 2021 година врз основа на констатации од извршен надзор донесе решенија за преземање мерка јавна опомена за ТВ Едо, Сити Телевизија, ТВ Коха и КТВ Кавадарци.

На ТВ Едо јавна опомена е изречена поради неозначување со предупредувачка сигнализација за „програма во која се пласирани производи“ во забавно-документарна емисија, не емитување на најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудиовизуелни дела, ниту пак најмалку половина од законскиот миниум изворно создадена програма како македонски аудиовизуелни дела, емитување на поп-ап/реклами на поделен екран меѓу кои не поминува пропишаниот период од 15 минути и необјавување податоци за импресум во изданија на емисии, кои треба да се емитуваат на соодветно место за секоја содржина на програмскиот сервис.

На Сити Телевизија јавна опомена е изречена поради неозначување со предупредувачка сигнализација и необјавување податоци за импресум во изданија на емисии, кои треба да се емитуваат на соодветно место за секоја содржина на програмскиот сервис. На ТВ Коха јавна опомена е изречена поради неемитување на половина од изворно создадена програма на македонски аудиовизуелни дела, додека на КТВ Кавадарци, поради емитување на поп-арт/реклами на поделен екран меѓу кои не минува пропишаниот период од најмалку 15 минути.

Изречените мерки може да се преземат на следните линкови:

ТВ КТВ – (член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 25.08.2021

Сити Телевизија – (член 14 од Законот за медиуми) – 25.08.2021

Сити Телевизија – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 25.08.2021

ТВ Едо – ( член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 25.08.2021

ТВ Едо – ( член 55 ставови 5 и 7 од ЗААВМУ) – 25.08.2021

ТВ Едо – (член 14 од Законот за медиуми) – 25.08.2021

TВ Едо – (член 98 став 2 од ЗААВМУ) – 25.08.2021

ТВ Коха – (член 92 став 3 од ЗААВМУ) – 25.08.2021



Accessibility

Accessibility