Донација од АВМУ за семејствата на починатите лица во пожарот во болницата во Тетово

Скопје, 9 септември 2021 – Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на денешната 25 седница за 2021 година, донесе Заклучок за доделување еднократна финансиска помош за семејствата на починатите лица во пожарот во модуларната болница за Ковид пациенти во Тетово, во висина од 60.000 денари по семејство.

Финансиските средства ќе бидат уплатени на посебна наменска сметка на Црвениот крст на РСМ.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изразува длабоко сочувство до семејствата на починатите.



Accessibility

Accessibility