СООПШТЕНИЕ ЗА ЈАВНОСТ

image_pdfimage_print

Скопје, 18 октомври 2021 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го осудува непрофесионалниот однос на претседателот на Државната изборна комисија кон новинарите за време на вчерашната попладневна прес – конференција на ДИК, и потенцира дека носителите на јавни функции треба да бидат свесни за јавно искажаниот збор и да покажат највисоко ниво на почитување на новинарската професија.

Воедно, ги осудуваме нападите на новинарските екипи и попречувањето на нивната работа од страна на симпатизери на политички партии. Безбедноста на медиумските работници и почитувањето на нивното достоинство се исклучително важни, особено кога станува збор за информирање за клучни општествени настани како што се изборните процеси.



Accessibility

Accessibility