1

Редовен административен надзор врз 7 издавачи на печатени медиуми

Скопје, 29 октомври 2021г. – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз Колор медиа плус издавач на „Убавина и здравје“, Визиони М издавач на „Шења“, Зeнит прес плус издавач на „Зенит“, Медиа прес ВМ издавач на „Битолски весник“, Ехо медиа груп издавач на “Македонско ехо“, Медиум боја 43 издавач на „Штипски глас“ и Паблик издавач на „Лице в лице, со цел да констатира дали истите објавиле податоци за назив и адреса на седиштето и уредништвото на печатениот медиум, податоци за одговорното лице, уредниците, печатницата, датум на печатење или препечатување и број на печатени примероци, согласно обврската од Законот за медиуми.

Со надзорот е констатирано дека печатените медиуми опфатени со надзорот ја исполниле оваа обврска.

Извештајот е достапен на линкот:

Општ извештај – (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 29.10.2021