Усвоен Извештајот за платено политичко рекламирање за првиот круг од изборната кампања за Локалните избори 2021

image_pdfimage_print

Скопје, 3 ноември 2021 година – На денешната 31-ва седница, Советот на Агенцијата го усвои Извештајот за платеното политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите, за време на првиот круг од изборната кампања за Локалните избори 2021 година (од 27 септември до 15 октомври).

Податоците во Извештајот се добиени преку мониторинг на емитуваното платено политичко рекламирање на 77 радиодифузери, коишто се регистрираа во Регистарот на Државната изборна комисија и склучија договори со учесниците во изборната кампања, од кои 39 телевизии и 38 радија. Дополнително сите податоци се проверени низ постапката на потврдување на извештаите за реализирани услуги на радиодифузерите.

Согласно Изборниот законик, Извештајот за платеното политичко рекламирање за првиот круг од изборната кампања ќе биде доставен до Државната изборна комисија.

Извештајот за платеното политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите за првиот круг од изборната кампања може да се преземе на следниот линк.



Accessibility

Accessibility