Усвоен Водич на АВМУ за мониторинг на примената на стандардите за известување во случаи на родово засновано насилство во медиумите

image_pdfimage_print

Скопје, 9 ноември 2021 – На денешната 32 седница, Советот на Агенцијата го усвои Водичот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за мониторинг на примената на стандардите за известување во случаи на родово засновано насилство во медиумите. Документот е подготвен од експертка ангажирана од Советот на Европа во рамки на проектот “Слобода на изразување и слобода на медиумите во Северна Македонија“– ЈУФРЕКС 2, спроведуван од Советот на Европа и Европската Унија.

Водичот меѓу другото има за цел да им ги обезбеди на медиумите и на сите заинтересирани чинители, информациите потребни за да го согледаат прашањето за известувањето за родово засновано насилство во целина, поради што прави пресек на состојбата на овој план во земјава, го објаснува значењето и на регулацијата и на саморегулацијата, дава преглед на најважните меѓународни документи и на домашната регислатива, посочува добри практики што треба да се следат во известувањето и обезбедува серија од прашања во однос на кои, при надзорот треба да се анализира прилогот/програмата за која постои сомнеж дека не ги следи стандардите за случаите со родово засновано насилство.

Овој документ ќе биде промовиран на онлајн настанот „Родово заснованото насилство во медиумите: состојба, насоки, мониторинг“, кој ќе се одржи на 11 ноември 2021 година, со почеток во 11.00 часот. На настанот ќе биде презентирано и Истражувањето на медиумското покривање на темите поврзани со ЛГБТИ заедницата и родово-базираното насилство, подготвено од Коалицијата Маргини/со поддршка на Хајнрик Бел Фондацијата и Прирачникот за родово сензитивно известување во медиумите, изработен од ХОПС/UN Women.

Сите заинтересирани страни, онлајн настанот може да го следат на Facebook линкот – https://www.facebook.com/events/432081611850728/.



Accessibility

Accessibility