Вонреден административен надзор врз РА Актуел и ТВ Нова

image_pdfimage_print

Скопје, 9 ноември 2021  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги по службена должност, изврши вонреден административен надзор врз Радио Актуел од Битола и ТВ Нова од Гевгелија за да утврди дали ги исполнуваат минималните кадровски услови утврдени во Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување.

Надзорот покажа дека двата радиодифузери не ги исполнуваат минималните кадровски услови утврдени во Правилникот.

Извештаите се достапни на линковите:

РА Актуел (член 9 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување) – 09.11.2021

ТВ Нова – (член 22 од Правилникот за минимални технички, просторни, финансиски и кадровски услови за добивање дозвола за радио и телевизиско емитување) – 09.11.2021



Accessibility

Accessibility