Усвоен Извештајот за платено политичко рекламирање за вториот круг од изборната кампања за Локалните избори 2021

image_pdfimage_print

Скопје, 18 ноември 2021 година – На вчерашната 33-та седница, Советот на Агенцијата го усвои Извештајот за платеното политичко рекламирање на програмите на радиодифузерите, за време на вториот круг од изборната кампања за Локалните избори 2021 година (од 18 до 29 октомври).

Податоците во Извештајот се добиени преку мониторинг на емитуваното платено политичко рекламирање (ППР) на 48 радиодифузери, коишто се регистрираа во Регистарот на ДИК и склучија договори со учесниците во изборната кампања, од кои 28 телевизии и 20 радија. Дополнително сите податоци се проверени низ постапката на потврдување на извештаите за реализирани услуги на радиодифузерите.

Во општина Дебар, вториот круг за избор на градоначалник на Дебар се одржа на 14 ноември 2021 година, и затоа дополнително е изработен посебен Извештај за емитуваното ППР во вториот круг од изборната кампања за избор на градоначалник на општина Дебар кој се однесува на периодот од 1 до 12 ноември 2021.

Согласно Изборниот законик, двата Извештаи за платеното политичко рекламирање за вториот круг од изборната кампања ќе бидат доставени до Државната изборна комисија.

 



Accessibility

Accessibility