​ Редовен административен надзор врз сите 111 радиодифузери коишто емитуваат ТВ или радио програма

image_pdfimage_print

 Скопје, 24 ноември 2021г. – Агенцијата изврши редовен административен надзор врз сите 111 радиодифузери коишто емитуваат ТВ или радио програма, за обврската податоците за сопственичка структура, одговорниот уредник/уредници и за изворите на финансирање во претходната година да ги објават на сопствената програма, најмалку три пати годишно, во ударни термини и снимка од објавата да достават до Агенцијата во рок од 15 дена од денот на објавувањето.

Надзорот покажа дека единствено Радио Лав од Охрид не ја исполнил обврската од член 15 став 3 од Законот за медиуми.

Извештаите се достапни на следните линкови:

Општ Извештај – (член 15 став 3 од Законот за медиуми) – 24.11.2021

РА Лав – (член 15 став 3 од Законот за медиуми) – 24.11.2021



Accessibility

Accessibility