Контролни програмски и административни надзори врз ТВ Едо, Сити Телевизија и ТВ Коха

image_pdfimage_print

Скопје, 25.11.2021 – Откако помина рокот за законско усогласување, Агенцијата изврши контролен програмски и административен надзор за различни законски обврски врз ТВ Едо, Сити Телевизија и ТВ Коха.

Надзорите покажаа дека и покрај изречената мерка јавна опомена, Сити Телевизија продолжила со непочитување на обврската за емитување најмалку 30% програма изворно создадена, како македонски аудио или аудиовизуелни дела, ниту пак половина од законскиот минимум да се емитува во периодот од 7:00 до 19:00 часот, како и обврската за заштита на малолетната публика од програми што би можеле да им наштетат на нивниот физички, психички и морален развој.

Извештаите од извршените надзори се достапни на линковите:

Сити Телевизија (член 14 од Законот за медиуми) – 24.11.2021

Сити Телевизија (член 92 став 3 од ЗААВМУ) – 24.11.2021

Сити Телевизија (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 24.11.2021

ТВ Едо (член 14 од Законот за медиуми) – 24.11.2021

ТВ Едо (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 24.11.2021

ТВ Едо (член 55 од ЗААВМУ) – 24.11.2021

ТВ Коха (член 92 став 3 од ЗААВМУ) – 24.11.2021

 



Accessibility

Accessibility