Редовен програмски надзор врз Г-ТВ, ТВ Дуе, ТВ Гурра и ТВ Протел

image_pdfimage_print

Скопје, 25.11.2021 – Редовен програмски надзор за обврските за употреба на јазикот во програмите на радиодифузерите, емитување на најмалку 30% програма изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела и дневно емитување најмалку 6 часа програма на телевизијата е извршен врз телевизиите коишто емитуваат програма на локално ниво Г-ТВ, ТВ Дуе, ТВ Гурра и ТВ Протел.

При надзорот е констатирано дека ТВ Г-ТВ, ТВ Дуе и ТВ Гурра на својата програма немаат емитувано најмалку 30% програма изворно создадена, како македонски аудио или аудиовизуелни дела, ниту пак половина од законскиот минимум да се емитува во периодот од 7:00 до 19:00 часот.

Дополнително, на програмата на Г-ТВ се емитувани извадоци од различни епизоди на две шоу програми, изворно на англиски јазик без да бидат обезбеден превод на албански, македонски или на турски јазик, на кои телевизијата емитува програма согласно дозволата.

Извештаите од извршените надзори се достапни на линковите:

Г-ТВ – (прекршување на член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 24.11.2021

Г-ТВ –  (прекршување на член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 24.11.2021

ТВ Дуе –  (член 64, член 92 ставови 1 и 3 и член 90 од ЗААВМУ) – 24.11.2021

ТВ Гурра –  (член 64, член 92 ставови 1 и 3 и член 90 од ЗААВМУ) – 24.11.2021



Accessibility

Accessibility