Редовен програмски надзор врз Г-ТВ Телевизија, ТВ Канал 8, ТВ Дуе, ТВ Гурра и ТВ Протел

image_pdfimage_print

Скопје, 26 ноември 2021 година – Редовен програмски надзор за почитувањето на правилата при емитување аудиовизуелни комерцијални комуникации, заштита на малолетната публика, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласање, емитување игри на среќа и обезбедување квизови или други облици на наградно учество, за употреба на јазикот во програмите, исполнување на квотата за емитување изворно создадена програма е извршен врз Г-ТВ Телевизија, ТВ Канал 8, ТВ Дуе, ТВ Гурра и ТВ Протел.

При надзорот на програмата на Г-ТВ Телевизија на 9 ноември 2021г, беше констатирано дека филмовите „Враќањето на супермен“ и „Али“ како и двете епизоди од серијата „Стрела“ кои требало да бидат означени како програма од третата кетегорија, биле емитувани во несодветни програмски периоди односно пред 20 часот, а повеќе играни филма биле емитувани без соодветна предупредувачка ознака за категорија програми кои се прикажува.

На програмата на ТВ Дуе емитувана на 10 ноември 2021 година, констатирано е дека во забавно документираната програма „Да подготвиме со Г-ѓа Тефа“ (Të gatuajmë me zonjën Tefa) беа пласирани производи без да биде јасно означено дека програмата содржи пласирање производи.

Извештаите од извршените надзори се достапни на линковите:

Г-ТВ Телевизија – (прекршување на член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 25.11.2021

ТВ Канал 8 – (член 64, член 92 ставови 1 и 3 и член 90 од ЗААВМУ) – 25.11.2021

ТВ Канал 8 – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 25.11.2021

ТВ Дуе – (прекршување на член 55 став 5 од ЗААВМУ) – 25.11.2021

ТВ Гурра – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 25.11.2021

ТВ Протел – (член 50 став 3, членови 53, 54, 55, 98, 99, 100 и 101, член 52, член 93 и член 94 од ЗААВМУ) – 25.11.2021



Accessibility

Accessibility