1

Радијата можат доброволно да пријавуваат емитување домашна музика заклучно со 5 јануари 2022 година

Скопје, 10 декември 2021 – Во врска со законската можност на радијата за доброволно пријавување процент на емитување домашна музика, радијата кои ќе се одлучат да емитуваaт домашна музика во 2022 година, со цел намалување на надоместокот на дозвола, истото треба да го пријават во Агенцијата најдоцна до 5-ти јануари 2022 година.

За доброволно пријавениот процент на домашна музика, односно на музика на македонски и на јазиците на етничките заедници, минималното намалување на надоместокот по оваа основа може да биде 10%, а максималното 30%.

Радио програмските сервиси можат да емитуваат и повеќе од 30% музика на македонски јазик и на јазиците на етничките заедници, но намалувањето на надоместокот за дозвола ќе биде 30%.

Пријавувањето се врши со доставување допис од радиодифузерот (со печат и потпис) по електронски пат на contact@avmu.mk.

Известувањето за можноста за доброволно пријавување за емитување домашна музика е достапно на линкот.