Скопје, 14 февруари 2022г. – Агенцијата изврши контролен програмски и административен надзор врз ТВ Дуе од Гостивар, ТВ Гурра од Кичево и ТВ Г-ТВ Телевизија од Гостивар со цел да утврди дали постапиле по решенијата за преземање меркa јавна опомена, претходно упатени од Агенцијата.
Со надзорот е констатирано дека ТВ Гурра на 29 јануари 2022 година не ги обезбеди информациите што треба да им се направат достапни на корисниците.
Извештаите се достапни на следните линкови:
ТВ Дуе – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 11.02.2022
ТВ Дуе – (член 55 од ЗААВМУ) – 11.02.2022
ТВ Гурра – (член 51 став 1 од ЗААВМУ) – 11.02.2022
ТВ Г-ТВ – (член 50 став 3 од ЗААВМУ) – 11.02.2022