Скопје, 25 февруари 2022г. – Со цел да се утврди дали е постапено по мерката јавна опомена упатена за различни законски несогласувањa, Агенцијата изврши контролен програмски надзор врз ТВ Гурра, Г-ТВ Телевизија, ТВ Сити, ТВ Дуе.
При надзорот беше констатирано дека ТВ Гурра, Г-ТВ Телевизија и ТВ Дуе не постапиле по решенијата за преземање мерка јавна опомена, односно дневно не емитувале минимум 30% програма изворно создадена како македонски аудио или аудиовизуелни дела во период од 7:00 до 19:00 часот.
Извештаите од надзорите се достапни на линковите:
Г-ТВ Телевизија – (член 64 став 1 од ЗААВМУ) – 25.02.2022
Г-ТВ Телевизија – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 25.02.2022
ТВ Сити – (член 92 став 1 од ЗААВМУ) – 25.02.2022
ТВ Дуе – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 25.02.2022
ТВ Гурра – (член 92 ставови 1 и 3 од ЗААВМУ) – 25.02.2022