Редовен административен надзор врз 8 издавачи на печатени медиуми

image_pdfimage_print

Скопје, 28 февруари 2022г. – Агенцијата спроведе редовен административен надзор врз Јени балкан издавач на „Бахче”, Антиќ медиа издавач на „Портрет”, Колор медиа плус издавач на „Добра храна” и „Руски доктор”, Визиони М издавач на „Шења“, Ехо медиа груп издавач на „Македонско ехо“ и „Македонско Ехо“, Зелена Берза издавач „Зелена берза“, Паблик издавач на „Лице в лице“ и Кликер маркетинг издавач на „Instore” со цел да констатира дали истите објавиле податоци за назив и адреса на седиштето и уредништвото на печатениот медиум, податоци за одговорното лице, уредниците, печатницата, датум на печатење или препечатување и број на печатени примероци, согласно обврската од Законот за медиуми.

Со надзорот е констатирано дека печатените медиуми опфатени со надзорот ја исполниле оваа обврска.

Извештајот е достапен на линкот:

Општ извештај – (член 14 став 1 од Законот за медиуми) – 28.02.2022



Accessibility

Accessibility