Вонредни програмски надзори врз ТВ Канал 5

image_pdfimage_print

Скопје, 23 март 2022 – По добиено известување од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, за емитување незаконски аудиовизуелни комерцијални комуникации за додатоци во храна, спроведени се вонредни програмски надзори врз ТВ Канал 5.

При надзорите е констатирано дека спротивно на ЗААВМУ, на 22 и 23 февруари 2022 година, во делови од утринската, актуелно-информативна емисија „Здраво Македонијо“, емитувани се прикриени аудиовизуелни комерцијални комуникации на производите „Бронхо протект“ и „Диабетол Форте“ на операторот на храна „Натура Терапи“.

Истовремено, на 21, 22 и 23 февруари 2022 година, на програмата на ТВ Канал 5 емитувани се телешопинг спотови за додатокот во исхрана „Бронхо протект“ – производ на операторот со храна „Натура Терапи“, во кој визуелно и тонски се појавува и редовна презентерка на вести на истата телевизија, што е спротивно на членот 101 од ЗААВМУ.

Извештаите се достапни на следните линкови:

ТВ Канал 5 (член 53 став 2 од ЗААВМУ) – 23.03.2022

ТВ Канал 5 (член 101 од ЗААВМУ) – 23.03.2022



Accessibility

Accessibility