Вонредни програмски надзори врз ТВ Сител

image_pdfimage_print

Скопје, 23 март 2022 – По известување добиено од Агенцијата за храна и ветеринарство, за емитување незаконски аудиовизуелни комерцијални комуникации за додатоци во храна, спроведени се вонредни програмски надзори врз Сител Телевизија.

При надзорот на 21, 22 и 23 февруари 2022 година, на програмата на ТВ Сител, утврдено е дека спротивно на ЗААВМУ во делови од утринската, информативно-забавна емисија „Ја сакам Македонија“ емитувани се прикриени аудиовизуелни комерцијални комуникации на производите „Бронхо протект“ и „Простатол комплекс“ од операторот со храна „Натура Терапи“.

На истите датуми, спротивно на законот се емитувани телешопинг спотови за додатокот во исхрана „Бронхо протект“ – производ на операторот со храна „Натура Терапи“, во кој визуелно и тонски се појавува редовна презентерка на вести на Канал 5 Телевизија.

Извештаите се достапни на следните линкови:

ТВ Сител (член 53 став 2 од ЗААВМУ) – 23.03.2022

ТВ Сител (член 101 од ЗААВМУ) – 23.03.2022

 



Accessibility

Accessibility