Скопје, 25 март 2022г. – Редовен програмски надзор за почитувањето на правилата при емитување аудиовизуелни комерцијални комуникации, заштита на малолетната публика, користење телефонски услуги со додадена вредност и телефонско гласање, емитување игри на среќа и обезбедување квизови или други облици на наградно учество, за заштита на малолетната публика, рекламирање, спонзорство, употреба на јазикот во програмата, обврски за емитување 12 часа програма и за исполнување на квотата за изворно создадена програма е извршен врз ТВ 24 Вести и Наша ТВ.
При надзорот е констатирано дека на програмата на ТВ 24 Вести на 4 март 2022 година, емитувана е забавно документарна емисија „1001 оброк“ која не е означена како програма во која се пласирани производи, а некои производи промотивно се препорачуваат преку визуелно и вербално прекумерно истакнување.
Извештаите се достапни на линковите:
ТВ 24 Вести – (член 64, член 90 и член 92 од ЗААВМУ) – 25.03.2022
Наша ТВ – (член 64, член 90 и член 92 од ЗААВМУ) – 25.03.2022