Вонреден програмски надзор врз ТВ Канал 5 и ТВ Сител

image_pdfimage_print

Скопје, 29.03.2022 – По добиено известување од страна на Агенцијата за храна и ветеринарство, за емитување незаконски аудиовизуелни комерцијални комуникации за додатоци во храна, спроведени се вонредни програмски надзори врз ТВ Канал 5 и ТВ Сител.

При надзорите е констатирано дека спротивно на ЗААВМУ, на 21, 22 и 23 февруари 2022 година, на програмата на ТВ Канал 5 и ТВ Сител се емитувани телешопинг спотови за производите „Бронфо протект – 500 мл.“ и „Диабетол форте-30 капсули“, на операторот со храна „Натура терапи“ ДООЕЛ Скопје, во кои лажно се претставуваат нивната природа и карактеристики, односно тие се невистинити и нечесни, со што ја заведуваат јавноста и се против интересите на потрошувачите.

Извештаите се достапни на следните линкови:

ТВ Канал 5 (член 53 став 5 и став 17 алинеја 2 од ЗААВМУ) – 29.03.2022

ТВ Сител (член 53 став 5 и став 17 алинеја 2 од ЗААВМУ) – 29.03.2022



Accessibility

Accessibility