БИЛАТЕРАЛНА СРЕДБА ПОМЕЃУ АВМУ И АРКОМ

 Скопје, 31 март 2022  – Претставници на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денес одржаа работна средба со Беноа Лутрел, советник од Регулаторното тело за аудиовизуелна и дигитална комуникација на Република Франција (АРКОМ).

Целта на посетата беше споделување на искуства и размислувања во повеќе сегменти, меѓу кои имплементацијата на ревидираната Директива за аудиовизуелни медиумски услуги, мониторингот на медиумски содржини за време на изборни процеси, забраната за реемитување на каналите каде се појавува како основач Руската Федерација или приватни лица, физички или правни лица со потекло од Руската Федерација. На средбата се дискутираше и за регулацијата на социјалните мрежи.

На крајот на средбата беше констатирано дека билатералните односи се од исклучително значење и дека со ваквата пракса треба да се продолжи и во иднина.



Accessibility

Accessibility