Редовен административен надзор врз сите 109 радиодифузери коишто емитуваат ТВ или радио програма

image_pdfimage_print

Скопје, 20 април 2022 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз сите 109 радиодифузери коишто емитуваат телевизиска или радио програма.

Предмет на надзор беше обврската на радиодифузерите по прв пат оваа година (најдоцна до 31 март) на сопствената програма во ударните термини да ги објават податоците за сопственичка структура, уредништво и извори на финансирање во претходната година, и снимка од објавата да достават до Агенцијата во рок од 15 дена од денот на објавувањето.

Надзорот покажа дека оваa законска обврска ја исполниле сите радиодифузери.

Извештајот е достапен на следниот линк:

Општ извештај (член 15 став 3 од Законот за медиуми) – 20.04.2022



Accessibility

Accessibility