1

Редовен административен надзор врз сите 109 радиодифузери коишто емитуваат ТВ или радио програма

Скопје, 28 април 2022 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз сите 109 радиодифузери коишто емитуваат телевизиска или радио програма.

Предмет на надзор беше обврската на радиодифузерите до 31 март 2022 година, на посебен образец пропишан од страна на Агенцијата, да достават податоци за сопственичката структура, одговорниот уредник/уредници, изворите на финансирање во претходната година, остварените вкупни приходи и расходи од обезбедувањето на дејноста и за просечната гледаност или слушаност во претходната година.

Надзорот покажа дека оваa законска обврска не ја исполни во целост единствено радио Капитол ФМ од Скопје.

Извештајот е достапен на следниот линк:

Општ извештај – (член 15 став 1 од Законот за медиуми) – 28.04.2022