Редовен административен надзор врз сите радиодифузери коишто емитуваат ТВ или радио програма

image_pdfimage_print

Скопје, 29 април 2022 – Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги изврши редовен административен надзор врз сите радиодифузери коишто емитуваат телевизиска или радио програма.

Предмет на надзор беше обврската на радиодифузерите до 31 март до Агенцијата да достават извештај за спроведување на обврските утврдени на дозволата за радио или телевизиско емитување, а особено за спроведување на програмскиот концепт.

Надзорот покажа дека оваa законска обврска не ја исполни само ТВ Ирис од Штип.

Извештаите се достапни на следниот линк:

Општ извештај – (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 29.04.2022

ТВ Ирис – (член 15 став 5 од Законот за медиуми) – 29.04.2022

 



Accessibility

Accessibility